Во Италија уапсени 18 Албанци, запленети имот од два милиони евра, кокаин и марихуана

Фото: EPA-EFE/CHAMILA KARUNARATHNE

Италијанската полиција разбила две криминални групи, чии членови се албански државјани кои се занимавале со недозволена трговија со дрога.

– Уапсени се 18 лица, запленет е имот вреден два милиони евра, кој се состои од автомобили и недвижен имот, како и пари во готово. Исто така, запленети се и 25 килограми кокаин и 11 килограми марихуана, пренесуваат албанските медиуми, повикувајќи се на италијанската полиција.

Двете криминални групи вршеле шверц на дрога на територијата на Венето.

Во истрагата биле опфатени 33 лица кои оперирале и во Венеција, Падова, Тревизо и Верона, додека врските стигнувале до Ломбардија.

Видео на денот