Во Италија само во мај без работа останале 84 илјади работници

Отпуштањата најтешко ја погодиле женската работна сила, 7,8 проценти од вкупниот број на невработени, а 23,5 отсто од невработените се млади.

Повеќе од половина милион луѓе во Италија ги загубија своите работни места од февруари до мај годинава, како резултат на пандемијата на Ковид-19 и економската криза што следеше, јавија локалните медиуми.

Државниот институт за статистика ИСТАТ регистрира и 900 илјади „неактивни”, односно луѓе кои не работат и не бараат работа и уште 400 илјади луѓе кои бараат работа.

Отпуштањата најтешко ја погодиле женската работна сила, 7,8 проценти од вкупниот број на невработени, а 23,5 отсто од невработените се млади.

Според статистичките податоци објавени денеска, само во мај годинава, невработеноста во Италија, во однос на истиот месец лани, е зголемена за два проценти, односно изгубени се 84 илјади работни места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот