Во Италија речиси 99 отсто од смртните случаи од ковид-19 се кај лица кои не се целосно вакцинирани

EPA-EFE/EMANUELE VALERI

Речиси 99 отсто од смртните случаи од Ковид-19 во Италија, после февруари, се евидентирани кај лица кои не биле во целост вакцинирани, соопшти Националниот здравствен институт на Италија.

Според студијата, Институтот соопшти дека починале и неколку ревакцинирани лица откако се заразиле со коронавирус.

Извештајот појаснува дека при смртните случаи кај ревакцинирани лица станува збор за значително постари лица, кои во просек имаат над 88 години, додека возраста на починатите кои не се вакцинирани во просек е 80 години. Институтот потенцира дека вакцинираните лица кои починале од коронавирус имале и бројни, други, здравствени проблеми пред инфицирањето со коронавирус

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот