Во Италија раст на бројот на починати, но не и на новозаразени
Коронавирусот во Италија е потврден кај 232.248 лица, при што само во САД, Русија, Шпанија, Велика Британија и Бразил е забележан поголем број заразени,
Италијанската цивилна заштита објави денеска дека од коронавирус во последните 24 часа починале 87 луѓе, 17 повеќе од претходниот ден, додека се потврдени 516 нови случаи на зараза, што е намалување на 593 новозаразени во четвртокот.
Вкупно од избивањето на епидемиајта на 21. февруари починаа 33.229 лица. Само во САД и Велика Британија починаа повеќе од коронавирусот.
Властите во покраината Марке објавија денеска дека официјалниот број од коронавирусот во таа покраина е намален за 11, откако е откриено дека коронавирусот не е причина за смртта на тие 11 лица.
Коронавирусот во Италија е потврден кај 232.248 лица, при што само во САД, Русија, Шпанија, Велика Британија и Бразил е забележан поголем број заразени,
Бројот на активни случаи се намали во Италија од 47.986 нa 46.175.
Моментално на интензивна нега се наоѓаа 475 лица, додека во четвртокот на одделите на интензивна нега имаше 489 пациенти. Веќе поголго време непрекинато се намалува бројот на хоспитализирани на интензивна нега.
Од ковид-19, болеста која ја предизвикува коронавирусот, се опоравија 152.844 лица.