Во Италија повторно зголемен бројот на заразени и починати

Досега 3.534 лица се опоравиле од Ковид-19 во Италија.

Бројот на смртни случаи од новиот коронавирус во еден ден во Италија повторно се зголеми – во изминатите 24 часа има 619 нови смртни случаи, додека вчера беа – 570.

Дневниот број на нови случаи е исто така зголемен за 4.694, во однос на 3.951 претходниот ден.

Вкупниот број на смртни случаи достигна 19.468, а заразени се 152.271.

Денешниот биланс на состојба на починати е највисок од 6 април. Досега 3.534 лица се опоравиле од Ковид-19 во таа држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот