Во Италија повеќе заразени жени, а починале повеќе мажи: Просечна старост на жртвите е 62 години

epa08380339 Health personnel move a patient at the Covid-19 intensive care unit of the Cremona hospital during the coronavirus epidemic emergency in Cremona, Italy, 23 April 2020. Countries around the world are taking increased measures to stem the widespread of the SARS-CoV-2 coronavirus which causes the Covid-19 disease. EPA-EFE/MATTEO CORNER

Веќе се опоравија над 57.000, а повеќе од 25.000 лица починаа од последиците на Ковид-19.

Меѓу заразените лице со вирусот ковид -19 повеќето се жени, но стапката на смртност од тој вирус е поголема кај мажите, покажаа новите податоци на италијанскиот Висок институт за здравје (ИСС).

Од вкупниот број заразени 51,4 отсто се жени, меѓутоа од вкупниот број починати од последиците на вирусот жените се 36,7 отсто.

Просечната старост на жртвите е 62 години, соопшто овој италијански институт.

Податоците покажуваат дека асимптоматични случаи има повеќе од 30 отсто, додека 17,9 отсто пациенти се во тешка состојба, а два отсто во критична состојба.

Во Италија досега околу 190.000 луѓе се заразени од коронавирусот, од кои веќе се опоравија над 57.000, а повеќе од 25.000 лица починаа од последиците на Ковид-19.

Видео на денот