Во Италија околу 15 отсто од хотелите и натаму затворени

epa08510621 San Marco's Square in Venice with umbrellas at the bar tables to protect people from the sun in Venice, Italy, 26 June 2020. EPA-EFE/Andrea Merola

Туризмот е еден од главните сектори на италијанската економија и учествува со околу 13 проценти од бруто домашниот производ. 

Околу 15 проценти од хотелите и другите сместувачки капацитети во Италија остануваат затворени во текот на летната сезона поради пандемијата на Ковид-19, а 98,4 проценти од компаниите во тој сектор размислуваат да го намалат бројот на вработени во однос на минатата година.

Ова го покажа студија за влијанието на ситуацијата со Ковид-19, спроведена од страна на Унијата на италијански стопански комори и италијанскиот Национален институт за истражување на туризмот (Иснарт) на примерок од повеќе од 2.000 сместувачки капацитети.

За да се опорави туризмот, Италија претстави план за „бонус” што може да се искористи за плаќање за сместување во таа земја од 1 јули, кој предвидува 500 евра за семејства со ниски приходи со три или повеќе членови, 300 евра за двојки и 150 евра за самци.

Од повеќе од 2.000 сместувачки капацитети во Италија опфатени со истражувањето, 30,8 проценти рекле дека не прифаќаат „бонус” како средство за плаќање, а 57,6 изјавиле дека не добиле резервации на овој начин, се вели во извештајот.

Туризмот е еден од главните сектори на италијанската економија и учествува со околу 13 проценти од бруто домашниот производ. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот