Во Италија од коронавирус починале најмалку 66 лекари

Фото: EPA-EFE/FILIPPO VENEZIA

Уште пет лекари починаа во Италија од новиот коронавирус, соопшти денес Италијанската федерација на лекари, а пренесува Си-Ен-Ен.

Од почетокот на епидемијата во Италија се забележани најмалку 66 смртни случаи на лекари, а најмалку 8.956 здравствени работници се заразени со Ковид-19.

Тоа значи дека само во последните неколку дена со коронавирусот се заразени повеќе од 500 италијански здравствени работници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот