Во Италија од идната недела се укинува носењето заштитни маски на отворено

Ковид Италија/ Фото EPA-EFE/Tino Romano

Италија од следната недела делумно ќе го укине задолжителното носење маски на отворено, јави  ДПА. Укинувањето на мерката од 28 јуни ќе важи за т.н. „бели области” каде има мал ризик од инфекција со коронавирусот.

Информацијата на Фејсбук ја објави министерот за здравство Роберто Сперанца.

Во моментов, сите италијански региони, со исклучок на Вале д’Аоста во северозападниот дел на земјата, припаѓаат на „белите зони” со најмали ограничувања против Ковид-19. Регионот Вале д’Аоста исто така се очекува да биде во „бела зона” од следниот понеделник. Италијанците сепак ќе мора да носат маски во затворено, во јавен превоз и кога социјално растојание не е можно.

Останува сегашното правило, според кое клиентите во рестораните можат да ги симнуваат маските само кога седат. Првично, италијанската влада вети дека ќе ги укине условите за задолжително носење маски во средината на јули

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот