Во Италија nајмалку жртви во еден ден, но пораст на бројот на новозаразени

epa-efe
Болница во Италија /Фото: EPA

Досега тестирани се 1,14 милиони Италијанци.

Во Италија од коронавирусот денеска починале 420 лица, што е најмал број на жртви во еден ден од 19 март, но бројот на новозаразени од вчера се зголеми за 3.021, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.

Со вкупен број на жртви од речиси 26.000, Италија е на второ место после САД.

До сега се регистрирани 192.994 заразени, а поголем број инфицарни имаат само САД и Шпанија.

Паѓа и бројот на пациенти на интензивна нега, е до сега оздравеле повеќе од 60.000 луѓе.

Тестирани се вкупно 1,14 милиони Италијанци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот