Во Италија над 100 случаи на заболени од новиот коронавирус

Италијанските власти изолираа неколку области во Ломбардија и Венето.

Во Италија има повеќе од 100 случаи на новиот коронавирус, изјави денеска Атилио Фонтана, кој го предводи северниот регион Ломбардија, со барање за воведување построги гранични контроли.

– Во Ломбардија се заразени 89 лица, меѓу кои и една млада личност во Валтелина, долина во која се наоѓа популарното скијачко одморалиште, изјави Фонтана за Скај ТГ24.

Според него, повеќе од 100 луѓе се заразени со новиот коронавирус на национално ниво. Претходната цифра на властите беше 79 заразени.

Италијанските власти изолираа неколку области во Ломбардија и Венето.

Ниту влегување, ниту излегување од области за кои се смета дека се места од каде се шири заразата  не се дозволени без посебна дозвола.

Сите јавни собири, спортски настани и други настани се забранети за една недела. Училиштата и градинките, спортските објекти и продавниците се затворени. Јавниот превоз е запрен.

Прочитајте и...  На подрачјето на СВР Велес, од вчерашните 353 лица во самоизолција денеска бројот е намален на 185

Според официјалните податоци за цивилна заштита, две лица починале од болест предизвикана од вирусот Ковид-19.

Прочитај повеќе

Град скопје ќе ги преземе активностите за реконструкција на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Слободен печат

Вработените во јавниот сектор годинава нема да добијат регрес за годишен одмор

Мрежата 5G лајт почна со работа во Белгија, не и во Брисел

МИА Агенција

Филипинскиот претседател им се закани со смрт за прекршувачите на карантинот

МИА Агенција

Рама: За состојбата со коронавирусот одлучувачки се првите 10 дена од април

Слободен печат

Мисајловски: Државата мора под итно со финансиски инекции да им помогне на сите компании

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

На сета мака одекна експлозија во Италија: Шест лица извлечени од под урнатините!

Слободен печат

Едуард Филип: Ситуацијата низ која минува Франција е „без преседан”

МИА Агенција

Коронавирусот ги коси и домородците во Амазонија

МИА Агенција

Мажот пронајден починат во својот стан во Битола немал коронавирус

Слободен печат

Партијата на Шарец против давањето широки овластувања на словенечката војска

МИА Агенција

За два дена 300.000 лица Романци останаа без работа, бројот на невработени се искачи на 800.000

МИА Агенција