Во Италија ќе се формира државна агенција за борба со кибер закани

Италија ќе формира владина агенција за кибер безбедност за борба против растечкиот број такви напади и особено ќе се спротивстави на заканите од Русија, објави францускиот весник „Фигаро”. Новата агенција ќе поднесува извештај директно до премиерот, а нејзините редови ќе ги пополнат околу 300 лица.

Уште на 25 мај, за време на самитот во Брисел, италијанскиот премиер Марио Драги зборуваше за важноста на зајакнувањето на кибер безбедноста и на европско и на национално ниво.

„Мешањето (од Русија) во шпионажа и манипулација со мрежата достигна навистина алармантно ниво”, потсетува весникот на негови зборови.

Создавањето на нова Национална агенција за кибер безбедност беше објавено истиот ден кога Марио Драги разговараше со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Една од главните задачи на новата организација ќе биде заштита на националните интереси и соочување со кибер закани, зајакнување на безбедноста на информациските и комуникациските системи и развој на производствени, технолошки и научни компетенции на ова поле. Драги, кој дојде на власт во февруари, веќе ги реорганизира италијанските разузнавачки служби. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот