Во Италија дозволена продажба на цвеќиња, растенија и семе

Во секторот работат 100.000 луѓе, на кои поголемиот дел од приходите им се во пролетниот период.

Цвеќарниците во Италија може да отворат и да ги продаваат своите производи, јави телевизијата Раи Њуз 24.

Малопродажба на семиња, цвеќиња и растенија е дозволена низ целата земја, освен ако не е забрането од локалните власти, изјавила министерка за земјоделство Тереза Беланова.

– Оваа криза нè лишува од можноста да комуницираме со нашите пријатели и семејство, да работиме и да заработуваме. Ставањето растенија во нашите домови, балкони и градини може малку да ги украси нашите животи, а е и поддршка за секторот кој е на работ на банкрот, рече Беланова.

Таа додаде дека во секторот работат 100.000 луѓе, на кои поголемиот дел од приходите им се во пролетниот период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот