Во Италија 56 лица се под истрага за договорени бракови

Склучување брак /Фото: EPA-EFE/ROLEX DELA PENA

Во Италија 56 лица се под истрага за договорени бракови на италијански државјани со странци од земји кои не се членки на ЕУ со цел да добијат дозвола за престој.

Истрагата на италијанската финансиска гарда и јавниот обвинител во Ливорно, во Тоскана, опфатила 24 свадби во Ливорно и една во општината во местото Розињано Маритимо.

Секој договорен брак бил платен меѓу 6.000 и 8.000 евра, јавуваат италијанските медиуми.

Сумата што ја плаќале државјани кои не се членки на ЕУ се делела меѓу сопружниците со италијанско потекло, меѓу кои имало 15 мажи и девет жени од Ливорно, 55-годишен маж од Доминиканската Република, кој бил „агент за венчавки” и други кои во неколку наврати соработувале во организирањето на свадбите.

На повеќето странци им била дадена дозвола за престој врз основа на овие бракови, а 15 се од Доминиканската Република, додека останатите се од Перу, Нигерија, Мароко, Тунис, Куба и Сенегал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот