Во Италија 4,6 милиони луѓе живеат во екстремна сиромаштија

Во Италија еден милион и 700 илјади семејства живеат во екстремна сиромаштија, што е околу 4,6 милиони луѓе, објавено е во најновиот извештај на Институтот за статистика (ИСТАТ), а пренесува дневниот весник на католичките бискупи „Авенире”.

Меѓу сиромашните, една третина се мажи и жени на возраст над 65 години кои немаат доволно пари за да платат кирија или сметки. Од 10 италијански пензионери, шестмина имаат пензија помала од 750 евра.

Според статистичките податоци, еден милион и 137 деца живеат во апсолутна сиромаштија, а процентот на сиромаштија влијае на уште повеќе деца на странци кои живеат и работат во Италија.

Меѓу сиромашните, има и повеќе од 50.000 таканаречени „невидливи”, односно луѓе кои живеат на улица, а половина од нив се странци, осум од десет се мажи, а меѓу нив се чести случаи на разведени татковци кои после разводот остануваат без својот дом, честопати ги губат работните места и завршуваат на улица.

Минатата година, сиромаштијата беше намалена процентуално во однос на 2018 година благодарение на воведувањето на таканаречениот „основен приход” воведен на инсистирање на партијата „Движење пет ѕвезди”.

Статистиката се однесува на минатата година, но во извештајот се посочува дека состојбата годинава е влошена поради пандемијата на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот