Во Источна Германија платите помали отколку во западниот дел, разликата е околу 900 евра

Берлин/ Фото EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Работниците во поранешна Источна Германија во просек месечно заработуваат стотици евра помалку  од нивните колеги во западниот дел на земјата, иако поминаа три децении од повторното обединување на Германија, покажува официјалната статистика.

Бруто-платите за вработените со полно работно време во западните покраини и Берлин, без посебните плаќања над нормалните плати на вработените, во просек изнесуваа 4.237 евра месечно во третиот квартал од 2021 година. Во петте источногермански покраини, бројката е 3.442 евра.

„Разлика во плата нешто помала од 900 евра“

Партијата на левицата, која исто така побара објавување на податоци, се залагаше до 2025 година платите да бидат еднакви во целата земја, што ќе се случи 35 години по обединувањето на двата дела на Германија, разделени по Втората светска војна.

„Во секоја источна германска покраина луѓето заработуваат помалку отколку во кој било западен дел“, рече лидерот на парламентарната група на Левица Дитмар Барч.

„Јазот во платите е сè уште голем, нешто помалку од 900 евра… Еднаква плата за еднаква работа, тоа е она што ќе ги намали оправданите фрустрации“, рече Барч.

Помала разлика во куповната моќ

Податоците покажуваат значителни разлики, не само меѓу регионите, туку и меѓу секторите, но и меѓу жените и мажите.

Некои експерти посочуваат дека, поради разликата во трошоците за живот, која е помала во Источна Германија, разликата во куповната моќ не е толку голема како што покажуваат разликите во платите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот