Во Истанбул вакцинирани 84 отсто од населението против Ковид-19

Медицинско лице во Турција / Фото: EPA

Речиси 84 проценти од населението во Истанбул веќе се вакцинирани против Ковид-19, објави денеска на Твитер гувернерот на турската метропола Али Јерликаја, пишува весникот „Милиет”.

До 22 септември, 83,8 проценти од населението во Истанбул е вакцинирано (со барем првата доза вакцина), а 67,5 проценти се целосно вакцинирани, нагласи гувернерот.

Тој прецизира дека од почетокот на кампањата за вакцинација во државата досега во метрополата со првата доза вакцина веќе има над 9,6 милиони луѓе, со две дози се 7,6 милиони, а со трета доза се 1,3 милиони граѓани.

Истовремено, бројот на новозаразени со Ковид-19 во Турција продолжува да се зголемува, со 29.338 нови случаи регистрирани во изминатите 24 часа. Според податоците на турското Министерство за здравство, во изминатите 24 часа од коронавирус починале 260 лица.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот