Во исчекување на вакцините, низ Балканот кружат емисари и лажни ветувања за набавки

Фото: Драган Митрески - Слободен Печат

Доцнењето на најавените вакцини во пресрет на имунизацијата против ковид- 19, во земјава создадоа плодна почва на која цутат лаги за начинот на нејзината набавка. Во фокусот на ваквите манипулации и лажни информации се наводни посредници и посреднички фирми, обвинувања за профитирање со ангажирање на посредници, за зделки кои што никогаш не се случиле.

Последна е изјавата на Никола Лакушиќ, Србин што живеел во Швајцарија, а кој за Ал Џезеира изјави дека посредувал за руската вакцина со три земји меѓу кои и Македонија. Тој за медиумот тврдеше дека набавил половина милион дози Спутник за Босна и Херцеговина, дека посредувал за вакцини во Бугарија, Алжир, и Македонија.

Ваквата неточна информација покрај македонското Министерство за здравство ја демантираше и руската амбасада, правејќи притоа преседан, бидејќи амбасадата вообичаено не ги коментира поединечните коментари на физички лица.

,,Амбасадата не ги коментира изјавите на поединечни лица, без оглед на тоа колку се фантастични. Во исто време, земајќи ја предвид посебната важност на ова прашање за граѓаните на Северна Македонија, овој пат ќе направиме единствен исклучок – немаше и нема да има никакви посредници во набавката на вакцини за Република Северна Македонија: Сите преговори се водеа директно помеѓу Рускиот фонд за директни инвестиции и Министерството за здравство, и токму на овој начин беа постигнати конечни договори“, велат од руската амбасада во Македонија за Сител.

Филипче демантира: Македонија не ја доби руската вакцина преку српски државјанин

Филипче демантира: Македонија не ја доби руската вакцина преку српски државјанин

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот