Во Иран забележан голем скок: Речиси 2.500 лица заразени со Ковид-19 за еден ден

Фото: Профимедиа

Во Иран во последните 24 часа се пријавени 2.456 нови случаи со Ковид-19, со што бројот на заразени порасна на 220.180, соопшти тамошното министерство за здравство.

Во истиот период починале 125 лица, па вкупниот број на смртни случаи сега е 10.324. Според податоците на министерството, во Иран досега оздравеле 180.661 пациент.

Дневниот број на новозаразени во Иран до 2 мај беше во опаѓачка линија, додека сега започна одново да расте.

Оваа земја на 11 април почна постепено да ги олеснува мерките за сузбивање на коронавирусот, кога повеќето луѓе почнаа да се враќаат на работа и се отворија шопинг центрите и фризерските салони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот