Во Иран уапсен опозициски лидер обвинет за тероризам

Засега не е јасно како иранските разузнавачки служби успеале да го извршат апсењето на Шармад.

Иранските власти денеска соопштија дека го уапсиле лидерот на малку познатата опозициска група, Собрание на иранското кралство со седиште во Калифорнија, Џамшид Шармад, за наводно планирање на смртоносниот напад врз џамијата во Шираз во 2008 година во кој загина 14 и беа повредени повеќе од 200 луѓе.

Министерството за разузнавање тврди дека оваа организациска група планирала и други напади низ Иран во екот на влошувањето на односите меѓу Техеран и Вашингтон, кога САД се повлекоа од меѓународниот ирански нуклеарен договор.

Засега не е јасно како иранските разузнавачки служби успеале да го извршат апсењето на Шармад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот