Во Иран се урна хеликоптер кој превезувал гласачки ливчиња, едно лице загина

Хеликоптер UH-60/Фото: EPA-EFE/TOMS KALNINS

Хеликоптер кој превезуваше кутии со гласачки ливчиња од претседателските  избори, се урна во југозападниот дел на  Иран, соопшти гувернерот на провинцијата Хузестан, Касем Солејмани Даштаки.

Во инцидентот едно лице загина, а 11 се повредени, соопштија денеска локалните медиуми.

Гувернерот информира дека починатиот бил  соработник на правосудните органи и се грижел за обезбедување на гласачките ливчиња.

Повредените веднаш се префрлени во болница, а според здравствените власти, неколкумина од нив се во сериозна здравствена состојба. Во спасувачките операции спасени се осум лица. јт/

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот