Во Иран приведени 24 лица поради ширење гласини за новиот коронавирус

Иранската кибер полиција уапси 24 лица обвинети за ширење на гласини закоронавирусот во земјата преку Интернет.

– Дваесет и четири лица беа уапсени и предадени на судството, а 118 (Интернет) корисници беа испрашувани и ослободени, откако добиле предупредување – рече Вахид Маџид, шеф на иранската полиција за кибер просторот.

„Апсењата се извршени по формирањето на специјална единица за борба против гласините за ширењето на коронавирусот во земјата“, рече тој.

Полицијата ги следи сите новости на кибер-просторот во Иран, каде од Ковид-19 веќе починаа 19 лица, а 139 заразени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот