Во Индија и денеска најмногу умрени од ковид-19 во еден ден – 4 529

epa09172069 A body is prepared for the last rites at funeral pyres for COVID-19 victims at a makeshift cremation ground in New Delhi, India, 01 May 2021. The country has reported a record number of 400,000 new COVID-19 cases in one day. EPA-EFE/IDREES MOHAMMED

Само во последните 24 часа се евидентирани нови 267 334  случаи на инфекција.

Во Индија и денеска е регистриран досега најголем број смртни случаи од последиците на ковид-19 во еден ден – 4 529, со што вкупната бројка на смртни случаи од почетокот на епидемијата на коронаворусот во оваа земја е зголемен на 283 248, соопшти индиското Министерство за здравство.

Само во последните 24 часа се евидентирани нови 267 334  случаи на инфекција.

Индија е втора земја во светот според вкупниот број на заразени, веднап зад САД, со повеќе од 25 милиони регистрирани случаи.

Во последната недела постепено, од ден во ден, се намалува бројот на новозаразени случаи, но стапката на смртност од последиците од инфекцијата е се уште висока, а болниците се преполни со пациенти.

Во тек е вториот бран на заразата што силно ја погоди оваа земја, а поради тоа се забавува и процесот на вакцинација. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот