Во Индија четврти ден по ред над 300.000 случаи на ковид

Ковид-19 во Индија/ Фото: ЕПА

Во последните 24 часа во Индија се регистрирани 333.533 новозаразени со коронавирусот и 525 смртни случаи.

Според владини податоци, во земјата четврти ден по ред се пријавуваат повеќе од 300.000 нови случаи на коронавирус дневно.

Од почетокот на пандемијата во Индија од Ковид-19 починале 489.409 пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Од почетокот на оваа година, во различни делови на земјата во сила се различни рестриктивни мерки против коронавирусот поради омикрон.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот