Во Илиноис прв смртен случај од е-цигари – Слободен печат
ВестиПланета

Во Илиноис прв смртен случај од е-цигари

Лицето кое починало „било хоспитализирано со симптоми на необјаснето заболување што може да биде резултат на употреба на е-цигари", рече д-р. Џенифер Лејден

Пациент починал откако кај него се појавила сериозна респираторна болест како резултат на пушење е-цигари, и тоа е прв таков смртен случај во САД, тврдат американски здравствени власти.

Американскиот центар за контрола и спречување на болести (ЦДЦ) објави дека во 22 држава се пријавени 193 случаи на мистериозно сериозно заболување на белите дробови, кои лекарите го поврзале со употреба на електронски цигари.

Заболените се претежно тинејџери и млади полнолетни лица.

Лицето кое починало „било хоспитализирано со симптоми на необјаснето заболување што може да биде резултат на употреба на е-цигари”, рече д-р. Џенифер Лејден, главен епидемиолог во државата Илиноис.

Случаите се пријавени од 28 јуни до 20 август.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close