Во ИЈЗ се проверува дали пациентот од Кичево има мајмунски сипаници

Д-р Александар Петличковски
Д-р Александар Петличковски / Фото: МИА

До Институтот за јавно здравје во текот на денот треба да пристигне примерок за тестирање на сомнителен случај на мајмунски сипаници. Пациентот е од Кичево, во добра здравствена состојба и нема потреба од хоспитализација, соопшти претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски.

„Пациентот е лоциран. Контактиран е од надлежниот епидемиолог во Битола и првичната епидемиолошка анкета е завршена. Имаме достапни тестови и во ИЈЗ треба да имаме одговор дали се работи за мајмунски сипаници“, изјави Петличковски за телевизија Сител.

Пациентот од Кичево пред неколку дена добил осип на телото, што е еден од симптомите на мајмунски сипаници.

Претседателот на КЗБ додаде дека се направени првични лабораториски анализи, а Комисијата попладнево ќе одржи состанок за состојбата со мајмунските сипаници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот