д-р Милка Клинчева, кардиолог: Во иднина често прашање на кардиолозите ќе биде дали сте прележале инфекција со вирусот ковид-19?

profimedia

Инфекцијата со вирусот ковид-19 претставува голем здравствен проблем, бидејќи ги напаѓа не само белите дробови, туку и други органи како што е и срцевиот мускул. Се докажа дека вирусот може да предизвика воспаление на срцевиот мускул, т.н. миокардитис.

Доц. д-р Милка Клинчева, кардиолог во клиниката „Жан Митрев“: Дури и лесен тек на ковид-19 кај релативно здрави луѓе може да остави трага на срцето. Поради тоа, се советува кардиолошко испитување, ехокардиографија и магнетна резонанца на срце, три месеци после инфекцијата со ковид-19.

Сè уште не е јасно дали вирусот ковид-19 почесто предизвикува миокардитис и дали тој миокардитис е со потешка клиничка слика во однос на миокардите предизвикани од други вируси.

Вирусот предизвикува имунолошки одговор во организмот на неконвенционален начин. Преживеаните можат да бидат под зголемен ризик од воспаление на срцевиот мускул. Срцето е склоно кон воспаление со ковид-19 бидејќи на површината на срцевите мускулни клетки се наоѓа рецепторот ангиотензин конвертирачки ензим 2, за кој вирусот се врзува. Од оваа причина направени се неколку студии на пациенти што прележале ковид-19 неколку месеци претходно и имале лесна или средно тешка клиничка слика.

Направена е магнетна резонанца на срце, која е најточен неинвазивен метод за дијагноза на воспаление на срцевиот мускул. Кај 78 од 100 пациенти е пронајдено срцево засегање на скеновите од магнетната резонанца. Интересен е моментот што 60 од 78 пациенти имале знаци за акутно воспаление 71 ден после инфекцијата со ковид-19. Заклучок на студијата е дека дури и лесен тек на ковид-19 кај релативно здрави луѓе може да остави трага на срцето.

Друга студија ги испитува професионалните спортисти. 4 од 26 спортисти од Државниот универзитет во Охајо, Соединети Американски Држави, кои прележале ковид-19 имале миокардитис.

Миокардитот може да доведе до срцеви аритмии, нагла смрт (при интензивен тренинг) и срцева слабост. Поради тоа, се советува кардиолошко испитување, ехокардиографија и магнетна резонанца на срце, три месеци после инфекцијата со ковид-19.

Препораките на Европското кардиолошко друштво за пациенти со прележан миокардитис се да се избегнува тешка физичка активност 3-6 месеци.

Во иднина често прашање на кардиолозите ќе биде дали сте прележале инфекција со вирусот ковид-19?

Последните 8 месеци живот во пандемија предизвикана од вирусот корона, во голема мера го промени нашето нормално живеење и воведе нови правила.

За подобро контролирање на пандемијата и за ваше здравје, посочувајќи што сѐ може да предизвика коронавирусот, ви препорачуваме да носите заштитни маски насекаде и често да миете раце.

После прележана инфекција со ковид-19, ви препорачуваме барем еден кардиолошки преглед, независно од возраста или тежината на клиничката слика што сте ја имале.

Навремената дијагноза на миокардитис може да спречи развој на сериозни компликации.

За кардиолошко испитување, ехокардиографија и магнетна резонанца на срце на клиниката „Жан Митрев“ информирајте се или закажете на телефон 02 309 1484.


Koмерцијален текст

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот