Во Хрватска за заразените гости ќе се грижат сопствениците на апартмани

дубровник
Дубрвник, илустрација / Фото: Архива на Слободен печат

Директорот на Здравствениот дом на Сплитско-далматинската жупанија доктор Марко Раѓа, опиша ќе изгледа процедурата доколку некој турист во Хрватска се зарази со коронавирусот.

– Ако странски турист од централните далматински острови или од кој било друг дел од нашата жупанија има зголемена температура или некој друг симптом што може да укаже на болеста Ковид-19, тој ќе дојде во амбулантата во Мертојак. По тестирањето и ако се утврди дека е позитивен, ќе биде испратен во апартманот каде што престојува и во него ќе мора да помине 14 дена во самоизолација, изјави тој во интервју за Слободна Далмација.

Тука би можеле да се создадат проблеми ако сопственикот на апартман има други гости за наредната недела, а во апартманот има заразен гостин кој мора да биде во изолација, пренесува Индекс.хр.

– Сопственикот на апартман не смее да избрка гостин кој е во самоизолација. Покрај тоа, тој мора да се грижи за него и неговото семејство ако е на одмор со нив. Сите тие мора да бидат во изолација и сопственикот на апартманот мора секој ден да им носи храна и хигиенски средства кои ќе ги остава пред вратата на апартманот, истакна доктор Марко Раѓа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот