Во Хрватска за 24 часа нови 2.769 заразени со Ковид-19, починаа 15 луѓе

Клинички компплекс „Мајка Тереза“ Скопје / EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

 Во изминатите 24 часа, во Хрватска се регистирани 2.769 нови случаи на инфекција со новиот коронавирус, а бројот на активни случаи во Хрватска вкупно 15.952.

Меѓу нив, 1.049 пациенти се наоѓаат во болница, од кои 82 се на апарати за дишење.Петнаесет лица ги загубија животите во изминатите 24 часа.

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 49.316 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 546 починале. Во самоизолација се 27.940 луѓе.

Вчера беа регистрирани 2.772 нови заразени, а починаа 20 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот