Во Хрватска вакцинацијата започнува на 27 декември, пристигнуваат првите 9750 дози

epa08747163 Croatian Prime Minister Andrej Plenkovic arrives for a two-days face-to-face European Council summit, in Brussels, Belgium, 15 October 2020. EU countries leaders are meeting in person for a two-day summit expected to focus mainly on EU-UK negotiations following Brexit, climate ambition and EU Budget. EPA-EFE/OLIVIER HOSLET/ POOL

Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ на денешната владина седница соопшти дека вкупниот број на случаи во последните седум дена е 17.000, што е за 28 проценти помалку од претходните седум дена.

– Бројот на потврдени случаи опаѓа веќе две недели, а опаѓа и бројот на ново хоспитализирани. Истото е и со бројот на пациенти на респиратори, тој број се стабилизира. Ако ова продолжи, очекуваме да се намали бројот на смртни случаи дневно – рече премиерот.

Тој нагласи дека овие податоци не се причина за релаксирање бидејќи вирусот е сè уште присутен.

– Божиќ е за два дена, ова беше тешка година, но многу е важно сега да не се опуштиме за да не бидат празниците критични за оние кои се во најкревко здравје. Затоа е многу важно да се намали дружењето што е можно повеќе во овој период – рече Пленковиќ.

Тој најави дека околу 9000 дози вакцини против ковод-19 ќе пристигнат во Хрватска за неколку дена.

– Оние на кои им е најпотребно ќе бидат вакцинирани. Тоа се сограѓани во домови за стари лица и изнемоштени лица, работници во системот на социјална заштита и работници во здравствениот систем – рече премиерот, додавајќи дека после тоа е редот на најстарите граѓани. Досега нарачавме 5,9 милиони дози вакцина, ќе ги покриеме потребите на целото население во Република Хрватска. Вакцинацијата ќе биде бесплатна и на доброволна основа. Успехот во борбата против епидемијата ќе зависи од бројот на лица кои се вакцинирани – нагласи тој.

Министерот за здравство Вили Берош повтори дека првите дози на вакцината пристигнуваат на 26 декември, а ќе пристигнат 9.750 дози на вакцината.

– Откако Агенцијата за лекови и медицински помагала издаде согласност, вакцинацијата започнува на 27, 28 и 29 декември, односно во деновите на вакцинација против коронавирус на ЕУ. Планот за дистрибуција на вакцините е развиен според окрузите – рече Берош.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот