Во Хрватска убиен познат претприемач и уште три лица

 Познат претприемач од областа на Шибеник е убиен денеска во Водице, а околу половина час подоцна, уште тројца починати биле пронајдени во зграда на Јужната магистрала, пренесуваат хрватските медиуми.
Полицијата потврди дека мртов маж е пронајден во возило покрај патот во Водице и дека малку подоцна добиле уште еден извештај од Итната медицинска помош за пронаоѓање на три мртви лица, двајца мажи и една жена, во зграда на Јужната магистрала.
-Првичните информации укажуваат на тоа дека луѓето починале насилно. Почна истрагата на двете локации и во овој момент не можеме да потврдиме дали случаите се поврзани, соопшти полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот