Во Хрватска почнува мобилно тестирање на граѓаните, регистрирани 77 новозаразени

Граѓаните ќе се проверуваат и мобилно, односно за присуство на коронавирус ќе се тестираат лица без тие воопшто да излегуваат од своите автомобили.

Хрватските здравствени власти потврдија дека во земјата се откриени 77 нови случаи на лица заразени со коронавирусот.

Како што јави дописникот на МИА, со овие нови, вкупниот број на заразени лица се искачи на 897.

Министерот за здравство Вили Берош на редовната прес конференција кажа дека засега на респиратори се ставени 32 пациенти, а 67 оздравеле.

Во Хрватска како последица од Ковид-19 досега починаа шест лица.

Од Центарот за цивилна заштита објавија дека во наредните денови ќе започнат со масовно тестирање, бидејќи тоа се покажало како успешно во справувањето со ширењето на коронавирусот. Токму затоа граѓаните ќе се проверуваат и мобилно, односно за присуство на коронавирус ќе се тестираат лица без тие воопшто да излегуваат од своите автомобили.

Ваков начин на тестирање веќе се спроведува во Германија и се покажа како доста успешен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот