Во Хрватска може да снема шприцеви и игли

Фото: mia.mk

Во Хрватска вакцинацијата против ковид може повторно да запре или да забави, поради недостиг на шприцеви и игли. Вакцинацијата против ковид еднаш беше запрена, бидејќи не беа испорачани порачаните вакцини. 

Директорот на Хрватскиот завод за јавно здравје (ХЗЈЗ) Крунослав Цапак вели дека е распишан тендер за набавка, но не е потпишан, бидејќи единствената компанија што се пријавила, а е во ко-сопственост на Андрија Хебранг, „Кормедикс доо” , не можела да ги испочитува роковите за испорака.

Доколку до средината на март не се набават повеќе од 4,4 милиони игли и околу 4,8 милиони шприцеви, и покрај добиените дози на вакцини, имунизацијата нема да биде можна.

ХЗЈЗ набави прецизни игли и шприцеви однапред за да овозможи, на пример, шест или седум дози вакцина да се извлечат од шишенце на вакцината Фајзер, додека многу други земји не го сторија тоа и може да извлечат максимум пет дози.

Цапак за загрепскиот весник „Јутарњи лист” сепак тврди дека нема да има одложување на имунизацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот