Во Хрватска 657 лица се позитивни на коронавирусот, вкупно пет починати

Коронавирусот е потврден кај уште 22 лица во Хрватска, па така вкупниот број на заразени достигна 657. Досега пет лица починаа од инфекцијата, информираа на прес-конференција за новинарите од Националниот штаб за вонредни ситуации.

Министерот за здравство Вили Берош рече дека петтата жртва е маж, а додаде и дека сега е особено важно да се остане дома. Медиумите претходно информираа дека станува збор за лице од Карловац.

На пресот е истакнато дека починатиот маж имал повишен крвен притисок, што е една од поризичните болести за инфекцијата.

Шефот на хрватскиот Завод за јавно здравство Томислав Цапак рече дека 20.070 лица се во самоизолација, а меѓу нив има и 542 здравствени работници.

Министерот за внарешни работи на Хрватска Давор Божиновиќ рече дека се утврдени 865 случаи на кршење на самоизолацијата и најави дека сите што ја прекршиле ќе заработат казни.

– Влегуваме во критично важен период во следните неколку недели. Мораме да издржиме во овој режим. Ги молам граѓаните да не излегуваат без некоја особена потреба – констатира Божиновиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот