Во хотел „Молика” на Пелистер денеска во државен карантин ќе бидат сместени 90 лица

Лицата се очекува во текот на денот да пристигнат на скопскиот аеродром и до вечерта да бидат организирано пренесени до хотелот.

АД ЕСМ соопшти дека нивниот хотел „Молика” на Пелистер од денеска ќе биде државен карактин за 90 лица кои ќе се вратат назад во земјава од други земји.

Лицата се очекува во текот на денот да пристигнат на скопскиот аеродром и до вечерта да бидат организирано пренесени до хотелот.

– Транспортот и сместувањето ќе бидат извршени согласно протоколите на министерствата за надворешни работи, за внатрешни работи и за здравство, додека од страна на хотелот ќе бидат обезбедени сите услови за престој за периодот додека трае пропишаната изолација, велат од АД ЕСМ.

За овие потреби, од страна на АД ЕСМ на располагање се ставени и хотелите „Попова Шапка” и „Славија” на Попова Шапка, каде во текот на утрешниот ден се очекува да бидат сместат граѓани за кои беше обезбедено организирано враќање од странство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот