Во Хонг Конг се забранува политичка активност за студенти и ученици

На студентите и учениците во Хонг Конг во иднина им се забранува да се вклучат во политички активности во образовните институции.

Пакетот забрани исто така се однесува и на забрана за пеење, истакнување пароли или бојкотирање часови, соопшти Министерството за образование на оваа автономна територија.

Во минатогодишните протести во Хонг Конг беа вклучени илјадници малолетни лица, а 1.600 беа уапсени за учество во насилни протести.

Истиот ден кога беше отворена канцеларијата за национална безбедност во Хонг Конг, голем број малолетни ученици изразија поддршка за антикинески демонстрации со фрлање на националното знаме и пеење на забранетата песна „Слава на Хонг Конг”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот