Во Хонг Конг продолжуваат протестите против Владата

Денеска во Хонг Конг повторно протестираат неколку стотици луѓе барајќи оставка од премиерката Кери Лам.

Ова е една од најголемите политички кризи во Хонг Конг во последните десетина години.

Протестите траат неколку недели поради спорниот закон за екстрадиција на граѓаните на Хонг Конг во Кина. Противниците на законот наведуваат дека правниот систем на Кина нема да им ги гарантира истите права на обвинетите какви што ги имаат во полуавтономната кинеска територија.

Кери Лам поради притисокот на демонстрантите неодамна соопшти дека спорниот нацрт закон се повлекува од процедурата на усвојување, но граѓаните бараат законот да биде повлечен во целост.

Демонстрантите облечени во црно и со маски скандираат слогани против власта. Организаторите на протестите ги повикаа граѓаните на голем пикниг пред Парламентот. Тие бараат повлекување на законот, оставка од премиерката, ослободување на притворените демонстранти, како и истрага за полициското насилство.

Во 1997 година Велика Британија го предаде Хонг Конг на Кина со гаранции дека територијата ќе го задржи социјалниот, правен и политички систем во следните 50 години според формулата „една земја, два система”. Но, Кина се повеќе отстапува од договорот и инсистира на измени на законите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот