Во Холандија отворени кафулињата што продаваат марихуана и хашиш

Ограничено отворање на кафе-барови е дозволено за да се избегне продажба на наркотици на црниот пазар и да се обезбеди медицинска марихуана.

Додека повеќето Холанѓани се борат со блокада на земјата поради коронавирусот, консументите на марихуана добија добра вест дека кафулињата што продаваат марихуана и хашиш се повторно отворени за порачки.

Холандската Влада на 15 март, кога воведе мерки за борба против епидемијата на коронавирусот, нареди затворање на сите места за канабис и хашиш, заедно со секс-клубови и сауни.

Ограничено отворање на кафе-барови е дозволено за да се избегне продажба на наркотици на црниот пазар и да се обезбеди медицинска марихуана.

Бидејќи регулативата им забранува на луѓето да се собираат, на клиентите не им е дозволено да останат во кафулиња и да пушат марихуана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот