Во Холандија откриена најголемата лабораторија за синтетичка дрога во историјата

epa08407833 A boy has fun in the pond on Museumplein. People enjoy the hot spring weather despite the 1,5 meter social distance rule to prevent the further spread of the SARS-CoV2 coronavirus that causes the COVID-19 disease in Amsterdam, The Netherlands, 07 May 2020, EPA-EFE/KOEN VAN WEEL

На југот на Холандија полицијата ја откри најголемата и најпрофесионалната нелегална лабораторија за производство на синтетичка дрога метамфетамин откриена досега во земјата. Според полицискиот извештај, дешифрирањето на пораките од шифриран разговор им помогнало на органите на прогонот да стигнат до криминалците.

Лабораторијата за наркотици е сместена во две магацини лоцирани во близина на селото Недерверт во провинцијата Лимбург. Има капацитет да произведува до 100 килограми метамфетамини дневно. Приходите од прометот на таков обем може да достигнат еден милион евра, објави Дојче веле.

На самото место е приведен 62-годишен полски државјанин. Полицијата не исклучува дека во блиска иднина може да има и други притвори.

Поради нејзината големина, демонтажата на лабораторијата се очекува да заврши во наредните денови. Се уште не е познато кога почнала да работи илегалната лабораторија.

Видео на денот