ВО ХАМБУРГ уапсен напаѓачот на Саздовски, кој беше во бегство

Фото: МВР

Третообвинетиот напаѓач на Никола Саздовски – Саздо  вчера е приведен во германскиот град Хамбург, дознава ТВ24 од извори од истрагата. За приведувањето биле известени и органите на прогонот во земјава.

Јавното обвинителство потерницата за Лужа ја објави по реакциите на јавноста дури 20 дена откако почина Никола Саздовски, а двајцата првообвинети беа притворени. Им се судеше само на Бесир Беља и Скендер Демири, кои добија по 19 години затвор за свирепо убиство.

Подоцна МВР распиша меѓународна потерница по Јетон Љужа, за сторено кривично дело „Убиство“.

Никола Саздовски беше нападнат на 29 јуни 2018 година на автобуска постројка во Автокоманда, кој после една недела во козматозна состојба им подлегна на повредите во КАРИЛ.

Кривичниот суд на 23 април годинава ги осуди Бесир Беља и Скендер Демири на 19 години затвор за убиство на 20-годишниот Никола Саздовски – Саздо. Додека третообвинетиот Јетон Љужа беше во бегство и беше недостапен за надлежните органи.

Бесир Беља, Скендер Демири и Јетон Лужа му пришле на сега починатиот Никола Саздовски- Саздо, му побарале лична карта, па откако се увериле дека е Саздо, го нападнале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот