Во Грција забраната за движење продолжена до 27-ми април

Привременото ограничување на движењето на граѓаните во Грција што стапи во сила на 23 март, денеска е продолжено до 27 април 2020 година.

Ова денеска го соопшти заменик-министерот за цивилна заштита на Никос Хардаљас истакнувајќи дека граѓаните уште три седмици ќе бидат посветени на целта „остануваме дома”, јави дописничката на МИА од Атина.

Во изминатите 24 часа во Грција од Ковид-19 починале девет лица, со што вкупниот број на жртви се зголеми на 68, додека пак регистрирани се 60 нови случаи на заразени, односно вкупно 1.673 од почетокот на епидемијата, согласно податоците соопштени попладнево на редовната секојдневна прес конференција во Министерството за здравство на Грција,

Од хоспитализираните лица, 92 се приклучени на апарати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот