Во Грција регистрирани 2.835 нови случаи на ковид-19, починаа 38 лица

Фото: EPA-EFE/YANNIS KOLESIDIS

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 2.835 нови случаи на Ковид-19, а починаа 38 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Вкупно 366 пациенти се приклучени на апарати, односно 30 повеќе од вчера.

Од почетокот на епидемијата, во земјата има 72.510 случаи на Ковид-19, а се регистрирани 1.035 смртни случаи. 

Основните училишта, забавиштата и градинките во Грција од понеделник до 30 ноември ќе бидат затворени, а учениците наставата ќе ја следат онлајн (во попладневните часови) и преку едукативната програма на грчката национална телевизија, јави дописничката на МИА од Атина.

Се затвораат градинките и основните училишта во Грција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот