Во Грција почна тестирање за присуство на антитела на коронавирус

Доктори/ Фото: Профимедиа

Со цел да се утврди стапката на имунитет кај населението, Националната организација за јавно здравје на Грција во соработка со Министерството за здравство, почна тестирање за присуство на антитела на Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Мобилните единици на организацијата за јавно здравје, вчера земаа примероци од вработените во центарот за лица со инвалидитет во западниот дел на областа Атика.

Како што соопштија од Националната организација за јавно здравје на Грција согласно стратешкиот план, тестирањето за антитела ќе продолжи, „за да се следи текот на пандемијата и за да се заштити јавното здравје”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот