8 C
Скопје

Во Грција од денес задолжително носење маска во супермаркетите

За вработените и потрошувачите во супермаркетите во Грција, од денеска е задолжително носењето маска, а во спротивно, предвидена казна од 150 евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Во Грција, првпат се воведува оваа мерка, со оглед на тоа дека во првата фаза од укинувањето на рестрикциите и карантинот на почетокот на мај, за супермаркетите, маската беше задолжителна само за вработените што работат со прехранбени продукти кои не се спакувани, а не и за клиентите. Единствено досега, постоеше препорака за носење.

Министерот за развој и инвестиции на Грција Никос Папатанасис, говорејќи за грчката телевизија „Скај” рече дека не е тешко да се спроведе мерката и упати апел до супермаркетите да имаат на располагање маски, во случај некој од муштериите да нема.

Прочитајте и...  Мета бара Владата итно да ги рефундира средствата на граѓаните кои се лекувале во домашни услови и нова анти-ковид стратегија

Министерската одлука објавена синоќа во Службен весник на Грција е во сила до 26 јули.

Поврзани вести

Професорката Беса Арифи: Важен ден, бидејќи моќен човек како Мијалков заврши со сериозна затворска казна

Слободен печат

Летните тераси повеќе нема да го окупираат јавниот простор

Слободен печат

Дијаспората на БиХ во САД не го сака Германецот Кристијан Шмид за нов Висок претставник во нивната земја

Слободен печат

Русија почна со производство на „Спутник V“ во спреј

Слободен печат

Мислел дека е НЛО: Вперил ласер во полициски хеликоптер и доби шест месеци затвор

Слободен печат

Вооружени лица киднапирале 317 ученички во Нигерија

Слободен печат

Остави Коментар