-2 C
Скопје

Во Грција не стивнува епидемијата, починаа 85 лица

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 1.044 нови случаи на Ковид-19, а почина уште 85 лица, според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, јави дописничката на МИА од Атина.

На денешната редовна прес конференција за ситуацијата со Ковид-19 во земјата, професорката епидемиолог и член на надлежната комисија Вана Папаевангелу рече дека и понатаму продолжува притисокот на Одделите за интензивна нега во северна Грција, иако епидемиолошките податоци покажуваат намалување, како во однос на процентот позитивни случаи од направените тестови, така и во однос на индексот Рт што е под еден.

Папаевангелу истакна дека е јасно дека „мерките не се почитуваат од сите, го гледаме тоа од движењето на улиците”.

Прочитајте и...  Задолжителен ПЦР тест за влез во Швајцарија од 8 февруари

Професорот епидемиолог Гикас Мајоркинис рече дека бројот на новозаразени во измината седмица во Солун е намален за 20, а во Атина за 30 отсто, но сепак дека е висок е бројот на активни случаи и е на исто ниво како и на почетокот од месецов.

Од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 105.271 случаи, а почина 2.406 лица.

Поврзани вести

Снимки од безбедносни камери можат да бидат доказ против крадец

Горан Наумовски

Потписите не можат да го поништат Законот за попис

Весна Тодоровска

На денешен ден – 28 јануари

Слободен печат

Денеска се празнува светецот родум од Македонија – Свети Гаврил Лесновски

Слободен печат

ВИДЕО: И покрај строгите епидемиолошки мерки со црковни ѕвона и пред илјадници луѓе, Вучиќ го откри споменикот на Стефан Немања во Белград

Слободен печат

Трајанов: Попишувачите да бидат вакцинирани

Слободен печат

Остави Коментар