Во Грција 2.812 нови случаи на Ковид-19, починаа 63 лица: Грчката јавност е загрижена за „атинската мутација“

epa08851105 Healthcare workers transfer a patient to Evangelismos Hospital in central Athens, Greece, 29 November 2020. According to Professor Vana Papaevangelou, a professor of pediatric infectious diseases at Athens University and a member of the Experts Committee, the second wave of the coronavirus pandemic in Greece is very persistent and even though the number of new infections is dropping, the epidemiological curve itself is still high. EPA-EFE/PANTELIS SAITAS

Ситуацијата со пандемијата во Грција се стабилизира, но не е целосно опаднат бројот на новозаразени и смртни случаи, со оглед на тоа дека од Националната организација за јавно здравје соопштија 2.812 нови случаи на Ковид-19 и 63 починати, јави дописничката на МИА од Атина.

Намален, во споредба со вчера е бројот на пациенти приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во болниците, вкупно 639, наспроти 647 вчера.

Во изминатите 24 часа биле направени 70.517 тестови од кои 22.211 ПЦР и 48.306 рапид, додека пак во изминатата седмица, во просек биле правени по 52.539 тестови дневно.

Од новите случаи, повеќе од половина, односно 1.425 се во областа Атика, од кои 451 во центарот на Атина.

А токму во центарот на Атина преовладува мутацијата Β 1.1.318 (Variant E484K), за која грчките медиуми утрово пишуваа дека станува збор за „атинска” мутација што предизвикува загриженост кај грчките епидемиолози, додека пак подоцна, неколку епидемиолози смируваа дека сепак станува збор за нигерискиот сој на коронавирусот.

Грчките епидемиолози загрижени: Се појави „атинска” варијанта на мутација на ковид-19

Претседателката на Националната комисија за вакцинација Мариа Теодориду, за конкретната тема, на синоќешната прес конференција рече дека „не може да се каже дека не постои загриженост за било која варијанта што се појавува”, но додаде дека постојат системи за строг надзор и регистрација што го следат развојот.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција за мутациите во земјата, до четвртокот од конкретниот сој Β 1.1.318 биле потврдени 829 случаи, што претставува 9,24 отсто од вкупниот број мутации во земјата.

Од почетокот на епидемијата во Грција има 381.266 потврдени случаи на Ковид-19, а починаа 11.534 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот