Вo Грција 19 заболени од Ковид-19, во Кипар петти ден нема нов случај

Дезинфекција на плажа во Атина, Грција / EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

На Кипар, веќе петти ден по ред не е регистриран ниту еден нов случај на Ковид-19, додека пак во Грција има 19 нови случаи, јави дописничката на МИА од Атина.

Во изминатите 24 часа,во Грција почина уште едно лице, вкупно 190 од почетокот на епидемијата, а на интензивна нега, приклучени на апарати, хоспитализирани се девет лица.

Во Грција, заразени од новиот коронавирус се 3.256 лица.

Според податоците од Министерството за здравство на Кипар, бројот на позитивни на Ковид-19 остана непроменет на 985 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот