Во Грција засега нема сомнителен случај на мајмунски сипаници

Доктори во Грција/ Фото: EPA-EFE/DIMI CHAROUSIS

Во Грција досега не е евидентиран сомнителен случај на мајмунски сипаници, соопштуваат од Националната организација за јавно здравје на Грција и додаваат дека во соработка со европските организации, но и СЗО и внимателно ја следат ситуацијата.

Паралелно, на граѓаните им препорачуваат да ги следат упатствата на лекарите во случај на осип или невообичаено оштетување на кожата.

Објаснуваат дека првиот случај на мајмунските сипаници беше регистриран на почетокот на месецов во Велика Британија кај лице кое се вратило од Нигерија и оттогаш има спорадични случаи и во други европски земји – Португалија, Шпанија, Италија

Додаваат дека болеста се пренесува од човек на човек преку контакт со кожни лезии, телесни течности и/или контаминирани предмети на пациентот, како и преку респираторни капки по продолжен близок контакт на кратко растојание, симптомите вклучуваат треска, главоболка, исцрпеност, а најчесто се појавува и карактеристичен осип еден до пет дена по почетокот на симптомите.

-Иако не постои специјална терапија, повеќето пациенти целосно закрепнуваат во рок од неколку седмици. Појавувањето случаи во Велика Британија без претходно патување, како и појавувањето спорадични случаи во други европски земји укажуваат на тоа дека болеста најверојатно се шири во заедницата. Се нагласува дека врз основа на досегашните епидемиолошки податоци, опасноста за општата популација е низок, бидејќи болеста е обично лесна и се самоограничува, со релативно мало ширење, соопштуваат од Националната организација за јавно здравје на Грција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот