Во Грција се згрижени 2010 деца бегалци без придружба

Деца бегалци во Грција
Деца бегалци во Грција / Фото: EPA-EFE/DIMITRIS TOSIDIS

Проценките на Министерството за миграција и азил на Грција се дека во земјата живеат 2010 деца бегалци без придружба од кои мнозинството се момчиња, јави дописничката на МИА од Атина.

Според официјалните податоци, 1737 се сместени во простори за долгорочен престој, а за останатите 273 е обезбедено привремено сместување.

Речиси девет од десет деца бегалци без придружба, односно 88 отсто се момчиња, 12 проценти се девојчиња, а шест отсто од вкупниот број се помали од 14 години.

Во вкупниот број се вклучени 32 деца кои имаат придружба од возрасно лице, но не е нивниот законски старател, како и 13 деца од Украина кои се во придружба на три лица.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот