Во Грција пристигнаа шесте француски воени авиони Рафал

Авиони Рафал / Архива на СП

Новите Рафал кои слетаа денеска се подготвени да полетаат за подобро, помирно утре за целиот регион, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на манифестацијата по повод пристигнувањето на првите шест француски воени авиони, пишува Катимерини.

Свеченоста се одржа во воената база на грчкото военото воздухопловство, во присуство на грчкиот премиер, претседателот на Парламентот, министерот за одбрана, францускиот амбасадор, а воените авиони откако влегоа во грчкиот воздушен простор, беа придружени од четири грчки Мираж, прелета на атинското небо и над Акропол пред да се упатат кон базата.

Од контролата на летање во воената база до пилотите на Рафал беше упатена пораката: “Добредојдовте дома”, а при слетувањето беа пречекани со топови вода, се одржа и религиозен ритуал и беа осветени.

Грчкиот премиер во неговиот говор рече дека новите воени авиони имаат и геостратешко значење бидејќи „ја прават грчката воена авијација една од најсилните во Европа и Медитеранот” и истакна дека за „Грција секое зајакнување на нејзината одбрана претставува израз на мир”.

Додаде дека „со истата решителност со која земјата ја затвора вратата за секоја закана, ги држи отворени прозорците на дијалогот”.

Паралелно, соопшти дека ослободени од данок ќе бидат надоместоците за летање и нуркање поврзани со летови, операции со падобрани, со подморници итн, а мерка се однесува пред се на армијата, но и на грчката полиција, противпожарната и крајбрежната служба.

Во Грција треба да пристигнат уште 18 воени авиони, од кои шест во текот на годинава, уште шест кон средината на 2023 година, а веднаш потоа и последните шест Рафал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот